-->
-->
Најмалку десет лица загинаа во поплавите и свлечиштата во Шри Ланка
-->
Најмалку десет лица загинаа денеска во Шри Ланка поради поплавите и свлечиштата, по поројните дождови.
Осум лица загинаа во лизгање на земјиштето на неколку места во провинцијата Калутара, јужно од главниот град Коломбо, јавија локални медиуми.
Според податоците на полицијата две лица починале поради уривање на ѕид во населеното место Макола.
Свлечиштата се честа појава на островот во сезоната на монсуните. На голем дел од територијата на Шри Ланка е извршено сечење на шумите заради добивање на чај и каучук. Со тоа големи површини се ранливи на природни непогоди.
Над сто лица загинаа во мај минатата година во големото свлечиште во централен регион на Шри Ланка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо