Свет
9. October 2016 - 13:46

Најмалку десет лица загинаа во нелетот на Метју во САД

Најмалку десет лица загинаа во американските сојузни држави Флорида, Северна Каролина и Џорџија во налетот на ураганот Метју, јавија американски медиуми. 

Метју вчера мина покрај бреговите на едни од најстарите и најисториските градови на САД, Савана во Џорџија и Чарлстон во Јужна Каролина.

Ураганот продолжува да предизвикува поројни дождови и силни ветрови. Се очекува сега тој да се насочи кон внатрешноста на океанот, да ја загуби силата, да се сврти и да се врати кон Бахамите и Флорида, но овој пат со мошне мала сила.

Според досегашните проценки Метју предизвикал штети во износ меѓу четири и шест милијарди долари при преминување низ САД. Нанесени се штети на 1,5 милиони станбени и трговски имоти во Флорида, Јужна Каролина и Џорџија.

На Хаити, каде ураганот премина претходно оваа недела и однесе стотици човечки животи, регистрирани се најмалку 13 смртни случаи од колера.