Свет
5. July 2017 - 21:00

Најмалку 77 лица загинаа во сообраќајна несреќа во ЦАР

Најмалку 77 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Централноафриканската Република. 

Товарен камион, кој превезувал стока и патници, се превртел. Најголем број од жртвите се мажи, а во несреќата има и 75 ранети.

Несреќата се случила на пат меѓу градовите Мабмари и Ипи во централниот дел на ЦАР.

Можни причини за несреќата се технички проблем или претовареност на возилото. Камионот се враќал од неделниот пазар во градот Малум.