Свет
27. јуни 2017 - 14:47

Најмалку 57 загинати во воздушен напад врз затвор во Сирија

Најмалку 57 луѓе загинаа во напад од воздух врз затвор што го раководеле ИД во  источна Сирија, соопшти сириска мониторинг група. 

Нападот се случил синоќа при што бил таргетиран затворот во областа Мајадин во источната провинција Деир ал-Зур, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човекови права. Тие посочуваат дека авионите што го извршиле нападот се од коалицијата предводена од САД. Во затворот имало цивили како затвореници кои биле членови на милитантната група.