-->
-->
Најмалку 50 загинати во судири меѓу демонстранти и полицијата во Киншаса
-->
Најмалку 50 луѓе загинаа синоќа во судири меѓу полицијата и демонстранти во Киншаса, главен град на Конго.
Судирите почнаа неколку часа пред почетокот на антивладините демонстрации против претседателот Жозеф Кабила. Опозицијата го обвинува дека сака со одлагање на изборите, да го продолжи мандатот што му истекува во декември.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун ги повика безбедносните сили на Конго да бидат максимално воздржани во одговорот на демонстрациите. САД изразија разочарување што Конго не објави кога ќе бидат одржани избори и се заканија со дополнителни санкции против локалните официјални лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок