Свет
4. August 2015 - 19:37

Најмалку 38 лица се повредени при експлозија во Хамбург

Најмалку 38 лица се повредени во пожар, предизвикан од експлозија, во една столарска работилница, која е сместена во поранешен бункер во Хамбург.

Повеќе од 60 луѓе се евакуирани, а 12-мина од повредените се пожарникари.

Бункерот датира од времето на Втората светска војна и во него биле складирани околу 100 тони етерични масла.

Причината за несреќата се уште не е позната.