Свет
18. January 2017 - 14:22

Најмалку 37 лица загинаа при самоубиствен напад во камп на вооружени групи во Мали

Бомбаш-самоубиец усмрти 37 поранешни бунтовници и членови на провладини вооружени групи, откако се разнесе во нивниот камп во градот Гао, во северниот дел на Мали, соопшти воено лице од Мисијата на ОН во Мали (МИНУСМА). 

Нападот бил извршен во камп на поранешни бунтовници - претежно туареги, и членови на провладините вооружени групи во Гао, пренесува БТА.

Војската и членовите на вооружените групи патролираа заедно согласно мировниот договор, што беше направен со посредство на ОН, а со цел да се прекине насилството во северните пустински делови на Мали.