Свет
15. April 2017 - 17:35

Најмалку 35 загинати во поплави во Иран

Во поплавите предизвикани од поројни дождови во четири провинции во северозапдниот дел на Иран загинаа најмалку 35 лица, а осум се водат како исчезнати, изјави шефот на Организацијата за управување со кризи во земјата, Есмаил Нажар.

Најтешко загрозени од поплавите се селата Ајабшир и Азаршар, кои се наоѓаат во провинцијата Источен Азербејџан.

Екипи на Црвената полумесечина, полицијата, војската и здравствени работници од раните утрински часови му помагаат на загрозеното население.