Свет
28. October 2017 - 14:40

Најмалку 31 лице загина, а 15 се повредени во автобуска несреќа

Најмалку 31 лице загина, а 15 се повредени денеска во автобуска несреќа на пат кон Катманду, на околу 80 километри од главниот град на Непал.

Автобусот излетал од патот и паднал во реката Тришули, која е позната по брзите и силни струења на водата, соопштија локалните власти.

На местото на несреќата веднаш пристигнале припадници на војската и нуркачи кои се обидуваат да пронајдат преживеани патниците кои се блокирани во возилото.

Засега е непознато колку точно луѓе се наоѓале во автобусот.