Свет
24. February 2017 - 9:52

Најмалку 29 загинати во терористички напад во близина на сирискиот град Ал Баб

 Најмалку 29 луѓе загинаа во самоубиствен напад со автомобил-бомба во близина на сирискиот град Ал Баб што се наоѓа во северниот дел од државата.

Нападот е извршен само еден ден откако бунтовниците поддржани од Турција соопштија за целосна контрола врз градот по борбите со екстремисти. Во нападот има и голем број повредени. Засега никој не презеде одговорност за нападот.