Свет
2. јуни 2016 - 13:33

Најмалку 16 повредени при земјотресот во Индонезија

Најмалку 16 лица се повредени, а  64 куќи се оштетени при земјотресот со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала, што денеска го погоди западниот дел од индонезискиот остров Суматра, јави ДПА.

Портпаролот на индонезиската Национална агенција за справување со елементарни непогоди, Сутопо Нугрохо соопшти дека две лица биле повредени во Паданг, главниот град на провинцијата Западна Суматра, од како врз нив се урнале делови од нивната куќа.

- Повредени и материјални штети се пријавени и во областа Мукомоко во провинцијата Бенгкулу и во Песисир, рече тој.

Нугрохо нагласи дека штети од земјотресот има на голема површина, но дека дождовите го отежнуваат собирањето податоци.