Свет
25. March 2017 - 12:35

Најмалку 16 лица загинаа во воздушен напад во сириски затвор

Најмалку 16 лица загинаа во воздушен напад синоќа врз затвор во сириската провинција Идлиб, која е под контрола на бунтвниците, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права.

Идлиб е една од најважните бази на бунтовниците, кои се обидуваат да го соборат режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, чии воено воздухопловни сили, заедно со руските сили го бомбардираат регионот.

Центарот соопшти дека добил информации оти некои од жртвите биле застрелани, додека се обидувале да избегаат од затворот, откако во воздушниот напад бил разурнат дел од објектот. Двајца од убиените се затворски чувари.