Свет
23. July 2015 - 8:54

Најмалку 15 лица се удавија во Нил по судир на два брода

Најмалку 15 лица се удавија по судир на патнички брод што пловело по Нил, со товарен брод, јави БТА.

Судирот довел до превртување на бродот, по што тој потонал. Шест лица се спасени, а капетанот на товарниот брод е уапсен.

Спасувачките операции продолжуваат, изјави портпаролот на Министерството за здравство на Египет.

Сообраќајот по Нил е многу преоптоварен, особено во близина на Каиро, каде голем број Египќани празнуваат по светниот месец Рамазан.