Свет
21. August 2016 - 15:15

Најмалку 13 луѓе загинаа во двоен самоубиствен напад во Сомалија

Најмалку 13 луѓе загинаа, а 20 се повредени во двоен самоубиствен напад во северна Сомалија.

Камион натоварен со експлозив удри во административниот комплекс Галкајо, на околу 750 километри северно од Могадишу. Додека луѓето се обидувале да им помогнат на повредените експлодира автомобил-бомба.

Помеѓу жртвите се и локалниот полициски началник и неговиот заменик.

Експлозиите предизвикале уривање на неколку згради.

Одговорноста за нападот ја презеде исламистичкта група Ал Шабаб.