Македонија
22. January 2017 - 10:55

Најладно во Берово, најмногу снег во Маврово

Највисока снежна покривка од 74 сантиметри утрово во осум часот е измерена во Маврово, во Лазарополе 54, во Пожаране 52, во Ѓуриште 44, во Крушево 35, во Тетово 43, во Битола 30, во Берово 29, во Скопје - Петровец 20, во Скопје 19,  во Демир Капија 18, во Тополчани 17, во Струмица и  Крива Паланка 11, во Дебар 10, во Штип 7, во Прилеп 4 и во Претор 3 сантиметри.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најстудено изутринава е во Берово каде се измерени -19 степени, -12 се измерени во Крива Паланка, -11 во Маврово, -9 во Пожаране, -8 во Куманово, Лазарополе и Ѓуриште, -7 во Виница, -6 во Крушево и Скопје Петровец, -5 во Дебар и Тополчани, -4 во Скопје, Охрид, Тетово, Штип, Прилеп и Претор, -3 во Дојран, -2 во Гевгелија, Битола, Струмица и во Демир Капија.