Македонија
21. January 2017 - 10:32

Најладно во Берово -18 степени, најмногу снег во Маврово 79 сантиметри

Најниски температура утринава сее измерена во Берово - 18 степени целзиусови, потоа во Скопје и Маврово - 12,  во Куманово -11 и во Лазарополе - 10 степени целзиусови. Највисока температура од 0 степени утрово е измерена во Охрид.

Највисока снежна покривка утрово е измерена во Маврово каде има 79 сантиметри снег, потоа во Лазарополе и Пожаране 55, во Ѓуриште 46, во Крушево 36 сантиметри...

Времето ноп Македонија е умерено до значително облачно. Во Демир Капија и Пожаране има магла со ограничена хоризонтална видливост, а во Скопската и Струмичката котлина, како и во Пелагинија слаба магла. На места дува слаб ветер од северен правец.

Вмремето денеска ќе биде со сончево во со мала облачност, во претпладневните часови со магла по одделни котлини. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе се движи од 0 до 6 степени, а во местата со магла ќе се задржи под нула.

Во Скопје ќе биде умерено облачно, претпладне со слаба магла. Максималната температура ќе достигне до -2 степена.

Утре и во понеделник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под -10 степени, особено утре кога ќе се спуштат во интервал од -20 до -7 степени. Претпладне по oдделни котлини ќе има појава на магла. Во вторник и среда ќе има повремени врнежи претежно од снег со слаб, а на места умерен интензитет. До крајот на следната работна недела дневните температури ќе бидат во опаѓање