Loading Video...
Свет
21. February 2018 - 16:46

Најкрвави 48 часа во Источна Гута - загинаа најмалку 250 лица

Најмалку 106 цивили загинаа во вчерашните бомбардирања на сириските владини сили врз Источна Гута, која е под контрола на бунтовниците.Со ова, вкупниот број на загинати во изминативе 48 часа достигна 250 лица.Стотици лица се повредени, а голем дел од нив се во критична состојба. Тоа се најкрвавите две деноноќиа по хемискиот напад во областа во август 2013 година, во кој загинаа стотици луѓе. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е „длабоко вознемирен“ од ескалацијата на насилството во Источна Гута и порача  дека , сите страни треба да ги преземат „своите ангажмани во  насока на смирување на тензиите.