Најголемиот светски хит „Деспасито“ престана да се слуша само во една земја, еве зошто е забранета
Властите во Малезија забранија емитување на популарната песна „Деспасито“, поради „неисламската содржина“ на текст на овој планетарен летен хит.
Оваа држава во југоисточниот дел на Азија имаа строги закони за цензура, поради кои и порано забранувала песни, филмови и други содржини со „чувствителни теми“.
- Песната „Деспасито“ повеќе нема да се емитува на државните радио станици и телевизии поради големиот број жалби од јавноста кои ги добивме. Текстот на песната не е соодветна за слушање и е неисламски, изјави малезискиот министер за комуникации Салех Саид Керуак.
Според Керуак, и приватните радио станици би требало да го цензуираат емитувањето на песната, имајќи ја предвид локалната култура.
„Деспасито“ на Луис Фонси и Деди Јенки синоќа беше прогласена за најслушана песна на сите времиња, откако за само шест месеци била емитувана 4,6 милијарди пати на разни музички платформи во целиот свет. Исто така, песната веќе со недели е на прво место на музичките топ листи во САД, Австралија и Велика Британија, а на Јутјуб ја надмина популарноста на „Гангам Сатјл“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација