Балкан
22. February 2018 - 15:23

Најдебелиот Босанец: Не сака никој да ме носи на лекар, за да не им го искршам автомобилот...

Овие денови најтешко му е на најдебелиот човек на Балканот, 55-годишниот Мусто Кариќ.
 
Притисокот му се покачува, па тешко дише. Мусто пред неколку дена се качил на вага за откуп на овошје и таа покажала 246 килограми. По тоа, тој е најдебелиот човек во БиХ.
 
Пред три години Мусто имал 252 килограми. Си ветил дека ќе ги послуша советите и ќе почне со диета, па симнал 42 килограми, пишува „АваЗ.ба“
 
- Проблем е кога некој треба со автомобил да ме однесе на контрола на лекар. Никој не сака, се плашат дека ќе им го искршам автомобилот. Тогаш се разочарувам и прекинувам со диетата, па си продолжувам по старо, - вели Кариќ.
 
Вели дека не сака лето. Топлото време го полудува, па навечер спие во дворот.
 
Тој вели дека почнал да се здебелува после војната, додека десет години работел во Италија.