Живот
20. February 2017 - 17:18

Најчудно име на светот: Еве како еден Турчин ја крсти ќерката и зошто

Мустафа Челик, фармер кој живее во селото Ергани, одлучил на својата новородена ќерка да и даде необично име - Евет, што буквално значи „да“ на турски.

Тој ја донесе оваа одлука од длабоко чуство на пиетет кон претседателот Ердоган, но и затоа што тој и сите негови роднини имаат намера да гласаат „да“ на уставниот референдум што ќе се одржи на 16 април.

"Јас и мојата жена размислувавме само за референдумот 16. април кога го биравме името за нашата ќерка. Како резултат на тоа одлучувме дека Да (Евет) е добро име. Ја нарековме така зошто ќе кажеме „да“ за уставни промени со референдум“, рече Челик.

Во меѓувреме, Зонгул, жената на Мустафа тврди дека е нејзина идеја ќерката да ја крстат Да.

-Јас предложив да и го дадеме тоа име, а мојот маж ме поддржа во одлуката. Нашето село немаше пристојни патишта или водовод, но благодарение на претседателот Ердоган ситуацијата драстично се промени. Значи, тоа е причината поради која ќе гласаме „да“ на референдумот, рече таа.