Бизарно но вистинито
14. February 2017 - 12:12

Најбруталното реално шоу: Ќе биде дозволено силување и убиство!

Ново руско реално шоу се подготвува за почеток, дозволено ќе биде буквално се! Натпреварувачите ќе се борат за награда вредна 1.55 милиони евра!

33 натпреварувачи, од различни земји, опремени со ножеви ќе бидат оставени дури 9 месеци во сибирската дивина во борба со дивите ѕверки и ниски температури! Правилата се многу малку ограничени, а во јавноста веќе почнаа да се бунат голем број друштва за заштита на животните и слични организации од целиот свет. Имено, шоуто дозволува, тепање, силување и убивање. На прв поглед, шоуто ќе биде реалистична верзија на популарните „Hunger games“.

30 натпреварувачи, 15 мажи и 15 жени, ќе бидат оставени 9 месеци во сибирската дивина да се борат со волци, мечки, но и со температури кои достигнуваат и до -40 целзиусови степени. Претходно се зборуваше дека натпреварувачите ќе бидат вооружени и со огнено оружје, што се испостави како неточно. Сепак, шокантното правило вели: „Дозволено е се: тепачки, алкохол, убивање, пушење, силување, буквално се!“. Мозокот на операцијата е рускиот тајкун Јевгениј Пјатковски (35), кој изјави дека тој нема да има ништо со тоа, туку дека натпреварувачите сами ќе ги проучат правилата и ќе потпишат дали се согласни да учествуваат.

Сепак, ситуацијата ја смирија продуцентите на шоуто, кои велат дека руските кривични закони ќе стапат на сила, доколку натпреварувачите „полудат“. „Ако дојде до кршење на законот, полицијата ќе постапи според процедурата, ќе дојде и ќе ве приведе“. Критичарите, пак велат дека натпреварувачите ќе бидат приморани да се однесуваат како дивјаци. Критериумот за пријавување се навршени 18 години и ментално здравје. Најконтроверзната работа е дека за аплицирање потребни се 150 000 евра, но секако, голем дел од кандидатите ќе влезат во шоуто преку он-лајн гласање, без да платат.

Филмски екипи нема да има на локацијата, туку истата ќе биде натрупана со преку 2 000 филмски камери, а и самите кандидати ќе бидат опремени со „GoPro“. Шоуто ќе се емитува 24 часа на ден, вклучително со превод на повеќе странски јазици. Почетокот на снимањето најавен е за месец јули, а организаторите се надеваат дека ќе предизвика огромен интерес од богатите и трагачите по авантура и ризик.

Пред да бидат изложени на милост и немилост на руската тајга, кандидатите ќе поминат обука организирана од поранешни офицери на руската единица за специјални задачи (СпецНаз-Специјаљни назначенија). Потоа ќе бидат оставени на место каде снегот едноставно не се топи, а риба, на пример ќе мораат да ловат низ мраз. Продуцентите изјавија дека интересот, за сега, е повеќе од добар, а секој од кандидатите на себе ќе има „Паник тастер“ поврзан со сателит. Наградата вредна неверојатни 1.55 милиони евра, ќе ја делат сите преживеани.