Најавено новото продолжение на „Тексашки масакр“
Објавен е нов трејлер за последното продолжение на „Тексашки масакр со моторна пила“, со поднаслов „Leatherface“.
Приказната ги следи натамошните „походи“ на веќе култниот сериски убиец Ледерфејс кој веќе повеќе од 40 години им влева страв в коски на љубителите на овој култен хорор. „Leatherface“ (кожено лице) се однесува на прекарот на главниот негативец и маската од човечка кожа што тој постојано ја носи.
Огромното количество крв и мрачната атмосфера го прават трејлеров морничав, најблаго кажано, а имаше и такви - љубопитни, но помалку храбри, на кои и оваа минута и половина им беше „премногу“.
„Ако филмот биде напола добар како што е овој трејлер, ќе имаме една нова хорор класика", „Не би лажел, маската навистина ме потресе", „Драго ми е што не живеам во Тексас", гласат дел од коментарите на оние што има храброст да го погледнат трејлерот.
Ледерфејс во најновто продолжение го глуми Сем Страјк, а во другите улоги се појавуваат Стивен Дорф, Лили Тејлор, Ванеса Грас, Џејмс Блур, Џесика Мадсен и Сем Колмен. Филмот својата премиера ќе ја има на 20 октомври годинава.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО