Свет
13. October 2017 - 13:55

Најавено ново продолжување на вонредната состојба во Турција


Турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) соопшти дека претстои ново продолжување на вонредната состојба, воведена во земјата по обидот за преврат.

Според процедурата, одлуката прво ќе биде разгледана на седница на Советот за национална безбедност на Турција, што ќе се одржи до крајот на оваа недела. Се очекува потоа Советот да упати препорака до Кабинетот.

Мерката потоа ќе биде поднесена на гласање во Парламентот.

Турскиот Парламент во јули ја продолжи вонредната состојба во земјата до 19 октомври. Режимот на вонредна состојба и обезбедува на Владата широки овластувања, овозможува управување преку декрети, заобиколувајќи го Парламентот, и дава можност за извршување на масовни апсења и чистки. ј