-->
-->
Најавено ново продолжување на вонредната состојба во Турција
-->
Турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) соопшти дека претстои ново продолжување на вонредната состојба, воведена во земјата по обидот за преврат.
Според процедурата, одлуката прво ќе биде разгледана на седница на Советот за национална безбедност на Турција, што ќе се одржи до крајот на оваа недела. Се очекува потоа Советот да упати препорака до Кабинетот.
Мерката потоа ќе биде поднесена на гласање во Парламентот.
Турскиот Парламент во јули ја продолжи вонредната состојба во земјата до 19 октомври. Режимот на вонредна состојба и обезбедува на Владата широки овластувања, овозможува управување преку декрети, заобиколувајќи го Парламентот, и дава можност за извршување на масовни апсења и чистки. ј
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Од утре започнува изборниот процес - Во домашни услови ќе гласаат болните и изнемоштените лица
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Тема на денот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
-
Конкурсот за АСЈО повторно пред Уставен, одлука ќе носи вечерва
-
Со куфери и авионски билети приватните специјализанти протестираа пред Министертсвото за здравство