-->
-->
Најавени револуционерни правила во тенисот
-->
Меѓународната тениска федерација во ноември на турнирот на најдобри млади играчи на светот во Милано ќе ги тестира новите правила, кои ако поминат, во голема мерка ќе го променат тенисот.
Технички гледано, најголема промена е укинување на „нецот“ при сервис, бидејќи тоа би бил голем проблем за тенисерите што го примаат сервисот и сосем е сигурно дека бројот на сервис винери би бил неспоредливо поголем од сега, пренесува ББЦ.
Мечевите би биле играни на три добиени сета, со тоа што би се играло на четири, а на на шест гема. Тај брејк до седум во иднина би се играл при резултат 3:3.
Повеќе нема да има маратонски гемови, бидејќи би се укинала предноста и кај резултатот 40:40, а гемот ќе го добие оној што ќе го освои следниот поен, со тоа што играчот што го прима сервисот има право да бира „ѓус“, или предност страна.
Загревањето би траело пет, наместо десет минути, а би се вовел и мерач на време што ќе спречи паузите меѓу поените да бидат подолги од 25 секунди.
Покрај тоа, би се менувало и времето меѓу гемовите и сетовите, како и за време на медицинскиот тајм аут. Играчите би имале право на еден медицински тајм аут во текот на целиот меч.
Предвидено е на тенисерите да им биде дозволена комуникација со тренерите, но не и нивно симнување на терен, како што сега е случајот во женскиот тенис.
Гледачите во иднина би можеле да се движат по трибините и за време на поен, исклучок се оние во првите редови, кои би можеле да ги деконцентрираат играчите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората