Бизнис
30. September 2016 - 19:57

Најавена изграбата на три експресни патишта во вкупна должина од 200 километри

Се вршат последните градежни активности на патот  Велес- Штип. Експресниот пат е со должина од 26 километри . Асфалтирањето се очекува да зварши за неклку дена . Се планира и изградба на два железнички премини за кои ќе бидат набавени и сигнални уреди и нови рампи.

Вкупната инвестиција е 15 милиони евра, средства  обезбедени од Европската банка за обнова и развој.

Во источниот дел во моментов се градат преку 120 километри нови патишта. Инвестиција од 230 милиони евра.

Се работи на автопатот од Миладиновце до Штип, експресниот пат Велес Кадрифаково, регионалните патишта од Делчево до Голак, од Кочани до Делчево, како и патот до Бигла.

Во подготовка е и изградбата на експерниот пат од од Штип до Кочани и до Радовиш, ранковце – Крива паланка. Сите заедно чинат 200 милиони евра.