Македонија
20. November 2017 - 12:32

Најавен првиот снег во Скопје

Идната недела ќе се создадат првите услови за снег во Скопје. Намалувањето на температурите и влажниот бран кој се очекува на почетокот на декември може да ги донесат првите снегулки на скопските улици. 

AccuWeather првиот снег го прогнозира во петок на 1 декември, но според прогнозата истовремено ќе паѓа и дожд, па некоја снежна покривка најверојатно нема да видиме. 

Токму со почетокот на декември се очекува и позначително намалување на температурите кога максималните дневни нема да надминат 5 степени.