Балкан
27. March 2016 - 11:31

Наивна детска игра се претвори во трагедија, загина дете

Едно дете загина во текот на игра во хрватско Загорје откако експлодираше буре кое децата претходно го наполниле со калциум - карбид.

Едно од децата трагично настрада во текот на опасната игра со другарите. Имено, децата наполниле едно буре со калциум - карбид, а потоа го запалиле.

Од силната експлозија, едно од нив настрадало на самото место.

Полицијата изврши увид.