Македонија
2. February 2016 - 12:15

Наградени ученици од Кочани во Италија

Шестмина ученици од 7-1 одделение од ОУ „Никола Карев“ од Кочани се наградени на мегународниот конкурс за поетски творби  под наслов „Замокот на Дуино“ во италијанскиот трад Трст.
 
- На овој меѓународен конкурс учествуваа шест ученици од 7-1 одделение од нашето училиште кои изработија книга со стихови на тема „Гестот и генезата-природата како слика“. Стиховите се  авторско дело на овие шест ученици кои се презентирани на македонски и италијански јазик, изјави Љупка Стоименова, наставник по македонски јазик под чие менторство е работена книгата стихови.
 
На овој мегународен конкурс на фоднацијата „Замокот на Дуино“ во Трст, Италија учествува повеќе земји од светот, а од Македонија се наградени училиштето „Никола Карев“ од Кочани и “Васил Главинов“ од Велес.
Стоименова информираше дека кочанските литерати ќе присуствуваат на отворањето на оваа манифестација која е закажана за 20 март оваа година во Трст- Италија, кога и ќе ја примат наградата.