Бизнис
30. November 2015 - 20:21

Наградени најдобрите бизнис планови

Од идеја до сопствен бизнис. И оваа година најдобрите млади претприемачи добија парични средства за да ги реализираат своите бизнис идеи. Министерот Незири на доделувањето на ваучерите потенцираше дека студентите се основната движечка сила на македонското стопанство, а државата и во иднина ќе го поттикнува нивниот претприемачки дух.

Младите добитници задоволни што конечно ќе можат да започнат сопствен бизнис.

Годинава на конкурсот имало 21 апликација со бизнис идеи, од кои 10 биле претворени во бизнис планови. Од нив најдобрите 5 добија парични средства  да ги реализираат.

Првонаградениот доби вредносен чек од 5 500 евра.