Фудбал
24. October 2016 - 10:57

Наградата „Голден бој“ за Санчез

Фудбалерот на Баерн Минхен, Ренато Санчез ја доби наградата „Голден бој“ што традиционално ја доделува италијанскиот Тутоспорт на најдобриот млад играч во Европа. 

Покрај новинарите од Тутоспорт гласаа уште и спортски новинари од Газета дело спорт, Марка, Тајмс, Корејере дело спорт,  Л,Екип и Билд а Санчез е првиот Португалец што ја добил наградата во последните 14 години колку што се доделува. 
Во конкуренција се фудбалери родени 1996г и помлади а конкурираа уште и Рашфорд, Асенсио, Грујиќ, Деле Али, Дембеле, Халиловиќ, Чориќ, Ихеначо, Коман и Донарума.
Оваа награда прв ја доби Рафаел ван дер Варт, потоа Руни, Меси па се до Марсијал минатата година.