Македонија
20. November 2017 - 17:34

Нагла промена: Магливи утра и студ во текот на денот

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и студено, претпладне со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и некои повисоки места од снег.

На повеќе места ќе дува засилен северен ветер. 

Температурата ќе се движи во интервал од еден до девет степени. 

Во Скопје слично време со температура до пет степени.

Од вторник следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури кои на места ќе се спуштат под нула, а дневните ќе бидат во пораст.