Надминат прагот на успешност на референдумот во Гевгелија
Прагот за успешност на референдумот во Гевгелија за тоа дали да се отворат рудници за злато на планината Кожув до 17 часот бил надминат.
-Според излезнота на граѓаните заклучно со 17 часот уште сега може да кажеме дека успеа референдумот на кој граѓаните на Гевгелија се изјаснуваат по прашањето дали се за или против отворање на рудници за злато на планината Кожуф, изјави пред малку Гордана Поп-Кочева, претседателка на ОИК Гевгелија.
Поп-Кочева соопшти дека од вкупно запишаните 19.459 граѓани во гласачкиот список, заклучно со 17 часот своето право на глас го искористиле 11.275 или изразено во проценти 58 отсто од гласачкото тело во Општината.
Конечните резултати за излезноста и изјаснувањето на граѓаните, како што нагласи Поп-Кочева, ќе бидат познати по 20 часот, односно еден час подоцна откако ќе бидат затворени 37 гласачки места во Општина Гевгелија.
Ново на Сител
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
-
Лични документи можат да се подигнат и денеска
-
Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК