Здравје
4. December 2015 - 22:56

Надеж за болните од рак - научниците на чекор до револуционерно откритие

Повеќе од 30 години научниците не успеваат да го „исклучат“ протеинот познат како Рас кој е одговорен за 30 проценти од сите случаи на канцер.

Индиректно е вклучен во сите облици на таа болест. Меѓутоа, сега истражувачите од Универзитетот во Торонто открија начин да го деактивираат, користејќи експериментален лек. Нивното откритие може да биде револуционерно за лечењето на рак.

Во нормални околности, Рас предизвикува раст на ќелии, но овој протеин исто така предизвикува и нивен неконтролиран раст.

Професорот Мајкл Оу и неговите колеги открија друг протеин наречен SHP2 кој е ефикасен во исклучувањето на Рас.

Ова откритие засега даде одлични резултати на тестирањата на глувци.

Истражувањето е објавено во магазинот “Nature Communications”.

Доколку и во понатомошните тестирања SHP2 се покаже како ефикасен, ќе биде тестиран и на луѓе.