Тенис
12. February 2016 - 13:05

Надал се врати на победите

По катастрофалната елиминација во првото коло во Мелбурн на Австралија опен од Вердаско, шпанскиот тенисер Рафаел Надал  стартуваше на нов турнир и тоа во Аргентина, во Буенос Ајрес каде  во два сета со 6-4 и 6-4 го совлада Хуан Монако.  Надал одигра просечен меч и  успеа да победи против Аргентинецот, кој немаше одиграно ниту еден турнир од операцијата на зглобот минатиот август.
 
Надал во следното коло, денеска од 20.30 часот игра против Паоло Лоренци.