Тенис
11. September 2017 - 8:13

Надал по третпат шампион на УС Опен

Најдобриот светски тенисер Рафаел Надал триумфираше на Отвореното првенство на САД откако во финалето за два часа и 30 минути го совлада Кевин Андесон со 3-0 во сетови (6:3; 6:3 и 6:4). Ова за него е трета титула во Њујорк, а вкупно 16-та во кариерата.
 
Неизвесност во финалето и да немаше особено што Андерсон уште од самиот почеток имаше проблеми со сервисот што е негово најсилно оружје.
 
Тој е сега еден од шестте играчи што имаат три и повеќе пехари на Флешинг Медоу (Федерер, Сампрас, Конорс (5), Мекинро (4), Лендл (3)).
Финалистот Андерсон го играше своето прво Грен Слем финале и на најновата ранг листа објавена денеска тој има скок од 17 места и се наоѓа на 15.та позиција.