Свет
12. November 2015 - 14:53

Над сто загинати во борби за клучната воена база во Сирија

Најмалку 100 сириски војници и џихадисти се убиени во северна Сирија за време 24-часовните вооружени судири меѓу владините сили и припадници на групата Исламска држава, што започнаа вчера во раните утрински часови.

Како што јавија сириските медиуми, за време на борбите, владините сили успеле да стигнат до клучната база на сириското Воено воздухопловство, која подолго време е под опсада на џихадистите од ИД. 

Пробивањето на опасадата околу базата е најзначајната воена победа за сириската армија од почетокот со руската воздушна кампања во Сирија на 30 септември.