Бизнис
1. September 2017 - 17:59

Над 7.500 слободни работни места, најмногу во преработувачката индустрија

Над 7,5 илјади слободни работни места на пазарот на труд во вториот квартал годинава, објави државната статистика. Најмногу, над 2.600 лица се бараат во преработувачката индустрија , сектор каде има и најмногу  вработени. Од вкупно 486 илјади  пополнети позиции ,  1/4 работат во оваа индустрија.  Втор најбаран кадар се работниците за трговија на големо и мало, односно за услужните дејности. Токму овие кадри се најмалку платени на пазарот на труд. И Агенцијата за вработување секојдневно објавува  кои се слободни позиции на пазарот и колкава е платат која се нуди. Во моментов непополнети  се речиси  8  илјади работни места, а меѓу најбараните кадри се токму оние  за кои се  нуди  минималната плата

- Пребирливи се, а и се преценуваат. Имале диплома, ама дипломата не работи. Треба знаење. Јас се согласуваме дека 11.000 е мала плата ама не можам да разбера никој дома да не работи. Две плати од по 12.000 денари не се малку, вели Раде Ненадиќ, Агенција за посредување при вработување.

Минамалната загарарантирана плата во моментов изнесува 10 080 денари. Едно од ветувањата на новата власта беше дека од септември истатат ќе се зголеми на 12 илјади денари. Сега се чека пратениците  да се вратат  од одмор и најверојнато зголемени плати ќе добијат  од октомври