Бизнис
8. May 2017 - 20:13

Над 7000 слободни работни места во Македонија, половината се во Скопје

Над 7.400 слободни работни места на пазарот на труд.  Агенцијата за вработување направи листа на најбарани професии и слободни работни места по дејности и региони, врз основа на објавените огласи од компаниите. Најмногу потреба од кадар има преработувачката индустрија.  Следува трговијата , дејностите со храна, градежништво, транспорт  и информациски технологии.  Лицата со средна стручна спрема се најбарани. На врвот на листата се продавачите- фирмите имаат потреба од  дури 790 . Зад нив се работници за производство, хигиеничари., шивачи, но и речиси 50 програмери – лица кои според државанатa стастистика се најплатни професии. Гледано по региони, најмногу лица за работа се бараат во Скопје, над 3,700. Веднаш зад него  е Кавадарци, каде се бараат 570 работници, од кои 400 бара автомобилскиот гигант Дрекселмаер

- Во моментов работиме за голема компанија во која треба да обезбедиме 400 работници до крајот на следната недела. Со дел од кандидатите имавме интервју а со дел ќе имаме следните денови, рече Влатко Поповски, директор на Агенција за вработување

За да се надмине јазот меѓу понудата и подарувачката, за две недели ќе се организира нов Саем за вработување, каде на едно место фирмите ќе ја  презентираат потребата од кадри, а невработените директно да поразговараат со евентуалните работодавачи.

- На 18 мај почнуваме со саемите за вработување. Таму работодавачите ќе презентираат од каков кадар ќе имаат потреба, додека пак невработените, или лицата кои сакаат да ја променат работата, ќе можат директно да се сретанат со потецнијалните работодавачи, додаде Поповски

Според податоците на Агенцијата за вработување, најманогу невработени се лицата без или со основно образование. Но има и 32 доктори на науки и 914 магистри кои не можат да најдат работа.