Над 50 видови пиво на Пиволенд 2015 во Скопје
Над 50 видови пиво и богата храна ќе бидат понудени на осмиот Пиволенд во Скопје, кој ќе се одржи од 2 до 6 септември на Кале. На фестивалот на пивото ќе настапат повеќе од 30 музичари од земјава и странство.
Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски денеска на прес- конференција ги повика граѓаните од Македонија и Скопје да го посетат фестивалот и да дегустираат од богатата понуда на пиво.
Тој упати апел, до јубителите на пивото, да доаѓаат со јавен превоз, такси или пешки за, како што рече, нивната безбедност а и за подобра организација на манифестацијата.
Оваа година покрај домашните пивари, како што најавија организаторите, ќе бидат понудени и пива од Мексико, Шпанија, Греманија, Чешка, Белгија... Според нив, оваа година акцентот ќе биде на Белгиските, пришто ќе бидат понудени над 20 брендови на пиво од оваа земја.
Пиволенд во својата програма вклучува повеќе од 95 проценти македонски изведувачи, бендови и диџеи. На овогодинешното издание на фестивалот ќе настапат Тони Зен, Ласт Експедишн, Суперхикс, Смат, Културно Уметнички Работници, Флека, Есма Реџепова, Верка, Барбарела ...од странство ќе гостуваат Лемон Бакет Оркестра од Канада, Бркови од Хрватска, а програмата ќе биде збогатена со Блендед Бру од Данска.
Следејќи го примерот од изминатата година, организаторите информираат дека на Пиволенд и оваа година им дава силна поддршка на младите и неафирмирани бендови од Македонија.
На двата стејџа, на Пиволенд 2015, програмата ќе почнува од 19 часот па се до раните утрински часови.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација