Македонија
11. October 2015 - 21:51

Над 50 објекти поплавени во Охрид во синоќешното невреме

Поплавени куќи ,дворови ,подруми и улици е сликата од силното нереме со обилни врнежи од дожд и грмежи кое синоќа го зафати Охрид.Во текот на ноќта до Регионалниот центар за управување со кризи биле пријавени над 50 случаи на полавени објекти и тоа најголем број од населбите Воска,Даљан и Лексајца  како и од околните села , а забележани се и одрони на патниот правец Охрид  - Св. Наум кај Пештани, како и на други места.

Граѓаните се жалат дека при секои интензивни врнежи куќуте им се полавени со вода.

Екипи на јавните претрпијатија се на терен и ги санираат последиците од големото невреме.

Инаку според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи во Охрид изминатото деноноќие наврнале 90 литри на метар квадратен.