Над 50 компании од САД ветија 650 милиони долари за поддршка на бегалците
Над 50 американски компании ветија 650 милиони долари за помош на бегалците во светот, соопшти Белата куќа.
Соопшението е објавено во момент кога американскиот претседател Барак Обама се обидува да најде начини за решавање на проблемите на бегалците пред светските лидери, кои се собраа во Њујорк на годишната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.
„Фејсбук“, „Твитер“, „Мастеркард“, „Џонсон и Џонсон“ и „Чобани“ се меѓу 51 компанија, кои ветија дека ќе го олеснат пристапот до образованието, работни места и финансиските услуги за 6,3 милиони бегалци во над 20 земји.
Обама беше подложен на критики дека не прави доволно за бегалците во светот. Тој во Њујорк организира самит со лидерите на Јордан, Мексико, Шведска, Германија, Канада, Етиопија и генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.
- Се очекува земјите учеснички да ги објават своите донации, согласно целта на САД за зголемување на хуманитарната помош со три милијарди долари, обезбедување на пристап до образование и работни места, изјави постојаниот претставник на САД во ОН, Саманта Пауер.
Светот се соочува во најголемата мигрантска криза по Втората светска војна. Над 65 милиони лица во светот ги напуштиле домовите поради вооружени конфликти или во потрага по подобар живот.
Ново на Сител
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс