Македонија
4. December 2016 - 16:10

Над 42 кг. марихуана запленети за 24 часа од страна на македонската Царина

Вкупно 40 килограми дрога успеле да откријат царинските службеници за два дена  при редовна контрола на возила при влез и излез од Македонија. Поголемото количество ондонсо 32 килограми и 500 грама марихуана е најдена во петокот околу 20 часот на граничниот премин Блаце. Државјанин на Шведска со возило Крајслер сакал да влезе во Македонија. Иако рекол дека ништо нема да пријави царинските инспектори се посомневале во одговорот.  Околу возилото пуштиле едно од тренираните кучиња кое намирисало дрога. Во специјално конструиран простор биле најдени вкупно 61 пакување со марихуана. Помеѓу опаковките било истурено кафе и ориз, додека бункерот бил премачкан со непозната течност, со намера да се прикрие миризбата на марихуаната.Осомничениот изјавил дека за 10 илјади евра со лица од Албанија договарал да пренесе дрога од Тирана до Малме во Шведска. Според царинската управа вредноста на запленетата марихуана на западно европскиот нарко - пазар би достигнала цена од околу 100.000 евра.

Вториот случај на запленета дрога се бележи вчера околу 15 часот на гранчниот премин Табановце. Таму за излез од Македонија се пријавил 56 годишник од Албанија, кој исто така рекол дека нема ништо да пријави. Бидејки возилото марка смарт било селектирано за преглед, во задниот дел од левиот и десниот праг, во фабричка шуплина, царинските службеници нашле вкупно 27 пакетчиња – марихуана  со вкупна тежина од околу 8  килограми. И вториот осомничен истакнал дека за надомест од 4.000 евра, се договорил да пренесе дрога од Албанија за Чешка.

Против двајцата осомничени  до надлежното јавно обвинителство е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“.