Свет
19. October 2017 - 11:10

Над 40 авганистански војници загинаа во двоен бомбашки напад

Најмалку 41 војник се убиени во синоќешниот двоен бомбашки напад врз воен камп во провинцијата Кандахар, соопштија авганистанските власти.

Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците.

Истовремено, во северната провинција Балк во напад на талибаците убиени се шестмина полицајци.