Македонија
13. February 2016 - 20:20

Над 2200 вредни предмети сместени во две етнолошки, историски и депото за стари ракописи во Охрид

Над 2200 вредни предмети сместени во две етнолошки,историски и депото за стари ракописи во Охрид . Станува збор за предмети од порцелан,керамики текстил ,метал и дрво ,во засебни простории  се наоѓаат грчки и словенски ракописи ,евангелија и документи ,резба ,оружје и накит со непроценлива вредност .

Со реновирањето на депоата значително се подобрени условите за сместување и чување на музејските предмети.

Од Завод и музеј велат дека ќе продолжат активностите за конзервација и презентација на богатото културно –историско наследство во земјава. Оваа година ќе биде обновено и музејското депо за современа уметност.