Балкан
30. August 2016 - 21:53

Над 200 полицајци вклучени во голема акција за уништување насади со марихуана во Албанија

Голема акција спроведува полицијата во подрачјето на северниот албански град Скадар со цел уништување насади со марихуана.

Во акцијата вклучени се над 200 полицајци и припадници на специјалата полициска единица за брзи интервенции.

- За дваесет и четири часа само во подрачјето на Пулт и Коман-Темал откриени се  99 парцели засадени со марихуана. Во акцијата уништени се над 20 илјади садници. Запленето е оружје и уапсени се три лица. Акцијата продолжува, стои во полициското соопштение.

Полициската статистика само во текот на ова лето уништени се над 1,2 милиони садници марихуана,речиси низ целата теритoрија на Албанија.