Македонија
5. October 2015 - 16:28

Над 200 илјади бегалци минале низ Македонија од почетокот на кризата

200 илјади мигранти во минатите месеци поминале низ територијата на Македонија. Ова го покажуваат последните податоци на Центарот за управување со кризи од каде што велат дека ваков бран не е забележан во македонската историја. Статистиките покажуваат дека 65 проценти од бегалците го искористиле железничкиот сообраќај за патување од јужната кон северната граница, а останатите патувале со автобуси и текси возила.

Според директорката од моментот на прогласување на кризата поради зголемениот бран на бегалци Центарот за управување со кризие во постојана комуникација со сите инволвирани фактори, обезбедува прва помош и згрижување, ја зголемува безбедноста на железничкиот и патниот сообраќај со што на мигрантите значително им се олеснува престојот во Македонија.