Балкан
18. July 2016 - 16:37

Над 2 милиони бегалци од Сирија се на границата на Турција кон Европа - На ЕУ лошо и се пишува

Сомнежот за можна поврзаност со обидот за државен удар во Турција досега зад решетки однесе  7.543 лица, меѓу кои 6.038 војници,. Ова денеска и официјално го потврди турскиот премиер по денешната седница на неговата Влада.

Официјално пак обидот за пуч однел 208 жртви, а 1.500 лица се ранети. Турскиот премиер тврди дека Владата ќе дејствува во рамките на законот при расчистувањето на сметките со извршителите на превратот.

На почитување на демократските институти и зачувување на мирот во Турција, денеска повикаа САД и европската Унија. По состанокот во Брисел,  државен секретар Џон Кери и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, побараа владеењето на правото да преовлада во оваа држава, притоа потврдувајќи дека сојузот на САД и ЕУ останува силен и нераскинлив.

- Ја повикуваме Владата на Турција да го задржи мирот и стабилноста во земјата и да ги почитува демократските институции и владеењето на правото. Ние сме на страната на демократски избраната Влада во Турција и ќе го поддржиме со сигурност изведувањето на виновниците за пучот пред лицето на правдата, но предупредуваме дека работите не смеат да отидат надвор од таа рамка, истакна Кери.

- Турција е важен член на Советот на Европа и ја обврзува Европската повелба за човекови права која е против смртна казна. Никој не може да влезе во Еворпската унија ако воведе смртна казна во својот казнен систем, предупреди Могерини.

Обидот за државен удар во Турција и можниот жесток одговор на Ердоган, пак повторно може да го испроблематизира прашањето со бегалците, кои во моментов во Турција ги има околу 2.7 милини, особено ако пропадне договорот меѓу Турција и Европската унија за финансиска поддршка од нешто повеќе од 6 ипол милјарди евра. Во таков случај, предупредуваат западните медиуми, Турција повторно може да го ослободи протокот на мигранти кон запад.,

А, тоа дека состојбата во Турција се уште е напната покажува и вчерашниот судир на полицијата и пучистите.

Сосотојбатра дополнително ја наелктризира и најавата на Викиликс дека планира да ги објави документите за структурите на политичката моќ во Турција по неуспешниот обид за пуч во земјата. 

- Подгответе се за борба кога ќе објавиме повеќе од 100.000 документи за структурите на политичка моќ во Турција, напишаа Викиликс на нивниот Твитер профил.