Бизнис
9. December 2015 - 20:19

Над 18.000 вработувања преку владините мерки

Над 18 илјади работни места отворија владините мерки преку проектите за вработување млади до 29 години и Македонија вработува. Првиот проект се реализира речиси две години додека Македонија вработува околу седум месеци. Од министерството за труд и социјала велат дека повеќе од половината вработени се млади луѓе.

Преку проектите за намалување на невработеноста, фирмите добиваат можност да го зголемат бројот на вработени. Придонесите и персоналниот данок за нив го плаќа државата. Со ова директно се помага работењето на домашните компании, сметаат работодавачите.

Владините мерки за вработување ќе траат до април идната година.