Свет
13. November 2017 - 8:59

Над 160 жртви во земјотресот на иранско-ирачката граница

Кризниот штаб во иранското Министерство за внатрешни работи соопшти дека има над 160 загинати во земјотресот што ноќеска погоди реон на границата на Иран со Ирак. Според нив, повредени се 1.686 луѓе.

Најтешко погодени се иранските провинции Керманшах и Илам во западниот дел од Иран.

По првиот потрес од 7,2 степена имало 12 последователни потреси со интензитет од 3,6 до 4,7. Епицентарот се наоѓал на 32 км северно од градот Сарпол е Захиб и на 100 км југоисточно од ирачкиот град Сулејманија.

Засега Багдад не соопштил за жртви или материјална штета на ирачка територија.